ВИДЕО: БМВ Гран Лусо Купе е иднината на луксузот

Од:

Германскиот производител на автомобили БМВ во соработка со италијанската дизајнерска компанија Пинафарина го претстави новиот луксузен концепт Гран Лусо Купе.

Резултат на соработката е извонреден стилски автомобил што треба да го претстави најдоброто од двете компании. Моделот претставува визија на купе од некоја идна Серија 7.

bmw-luso1

Концептот Гран Лусо Купе е „поставен“ на фелги со големина од 21 инч. Внатрешноста е елегантна каде доминраат кожа и фрагменти од дрво и хром.

Иако официјалните податоци не се објавени, се претпоставува дека за погонот на концептот е задолжен 6,0 литарскиот В12 мотор на ВМВ што испорачува 544 коњски сили.

bmw-luso11

– Кога на заеднички проект ќе се вклучат две исклучителни компании со максимално меѓусебно почитување, резултатот од нивната соработка едноставно мора да биде специјален, изјави шефот на дизајнерскиот оддел на Пинафарина Фабио Филипини.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on