Голема триумф на италијанскиот претставник во Лигата на Шампионите, екипата на Милан, која денеска успеа да го совлада „каталонскиот“ гигант, Барселона. Во еден меч, во кој Италијаните совршено знаеја што сакаат, и не му дозволија на шпанскиот тим, ниту еднаш посериозно да се закани кон голот на Абијати.
Во првиот дел тотална доминација на екипата на Барселона, во кој Барса имаше дури 66% посед на топката, но сето тоа беше залудно бидејќи гостите од Каталонија не успеаја да упатат ниту еден опасен шут по голот на Абиати.
Напротив, Милан на неколкупати се обиде преку контра напади да го загрози голот на Валдес, а по една таква акција Ел Шарави ја пропушти најголемата прилика да му донесе водство на својот тим, во првиот дел откако одлично продре по левата страна и кога требаше да го направи клучниот потег, си даде предолг фор, па така таа шанса пропадна. Тоа беше се од двете екипи во првиот дел, во кој како што рековме се се одвиваше во првите 20 метри од половината на Милан, кој по се изгледа свесно му дозволи на каталонскиот тим да ја контролира играта.
Второто полувреме беше далеку поинтересно за гледање. Во првите десет минути бевме сведоци на иста слика на теренот, се до таа 56-та минута во која Боатенг среќно дојде до топката, по ударот на Монтоливо, и со прецизен удар успеа да му донесе водство на својот тим. И по овој погодок, Барселона не успеваше да дојде до сериозна прилика, залудно контролирајќи ја топката во своите нозе.
Дури во 76-тата минута, Иниеста се обиде од далечина, и тоа беше првиот удар упатен кон голот на Абиати. Сепак, како „гром од ведро небо“, фудбалерите на Милан, одиграа фантастична акција, во 81-вата минута, која Сали Мунтари успеа да ја круниса со погодок. До крајот на мечот, одличен фудбал приредија „миланезите“ и многу умешно ја контролираа топката, не дозволувајќи им на „каталонците“ ниту да помислат на закана.
Кога се ќе се собере сосем заслужен триумф на Милан, кој знаеше што сака, и благодарение на тоа, на реваншот во Шпанија, ќе патува со голема предност.