Автономните возила се корисни за пренос како на луѓе, така и на товар, но обично можете да поставите само една од овие задачи, освен ако не можете да си дозволите да купите одделни возила. Мерцедес-Бенц можеби има решение за проблемот: да изгради машина, која ќе ја менува својата улога при желба на сопственикот.
Одделот на компанијата „Мерцедес Бенц Ванс“ откри детали за нов концепт за автономна мобилност наречена „Vision URBANETIC“, која ја елиминира поделбата меѓу патнички и леснотоварни возила, и според креаторите, би можел да го намали оптоварувањето на патиштата, сообраќајот во градовите и да придонесе за подобрување на квалитетот на животот во населените места.
Мерцедес не кажа како функционира менувањето на каросеријата, но забележува дека можете да преминувате помеѓу нив автоматски или рачно и автоматизираниот процес да одземе неколку минути. При патнички модул, дисплеите и светлата околу возилото дозволуваат на другите да знаат дека машината е свесна за нивното присуство.
Со футуристичкиот модуларен дизајн, автономноста и со целосно електричен погон, „Mercedes-Benz Vision URBANETIC“ е во состојба да пренесе до 12 патници, а во товарна конфигурација нуди под со должина од 3.7 метри, при општа таква на каросеријата од 5.14 метри.