Веспрем носи три голови предност на реваншот во Унгарија

Од:

Унгарскиот првак Веспрем го совлада Вардар со 29:26 во првиот натпревар од четвртфиналната пресметка во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ и покрај големата борбеност и желба за позитивен резултат беа немоќни во обидот да останат непоразени на денешниот дуел во СЦ „Јане Сандански“.

Трите лоши периоди на вардарци, еден пред крајот на првиот дел, и два во второто полувреме, им овозможија на гостите да влезат во гол-серии кои на крајот се покажаа како пресудни за конечниот победник.

По изедначените 7:7, Веспрем поведе со 12:7, а на полувреме се отиде со 12:9. Вардар во второто полувреме фати резултатски приклучок, стигна и до 16:16 и 17:17, но повторно имаше пад во играта и не можеше да го избегне поразот.

Момир Илиќ со девет голови беше најефикасен кај европскиот шампион, додека во Вардар најефикасни беа Игор Караџиќ и Тимур Дибиров со по шест погодоци.

Другите двојки за четвртфиналето од ЛШ се:

Флензбург – Киелце,
Загреб – ПСЖ и
Барселона – Кил.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ