Вертонген потврди дека си оди од Тотенхем по осум години

Од:

Јан Вертонген потврди дека го напушта Тотенхем по осум години во клубот.

– Моето време во клубот заврши. Тажен ден од неколку причини. Ќе ми недостигаат пријателите што ги создадов овде, персоналот кој го води клубот, играњето на неверојатниот нов стадион и секако – вие, навивачите, напиша Вертонген на својот профил на Твитер.

Триесет и тригодишниот играч пристигна во Тотенхем во 2012 година од Ајакс и одигра вкупно 315 натпревари за осум години.

Вертонген го напушта клубот откако му истече договорот, а тој претходно посочи дека би сакал да игра во Италија или Шпанија и рече дека има „сериозни“ понуди.

Клубот му посака многу успех, исто како и голманот Мајкл Ворм, чиј договор истече. Ворм оствари 48 настапи во сите натпреварувања во два мандата во клубот.

 

 

Би можело да ве интересира

Хери Кејн не е задоволен: Топ 4 пласман не е доволен!

Арсенал и Тотенхем во трка за светскиот шампион од Брајтон

Фулам им го „грабна“ Џејмс на Евертон и Тотенхем

Ниту одбранетиот пенал не го сопре – Хери Кејн „сам“ ги победи Нотингем

„Светците“ само ги налутија Тотенхем, „обновениот“ Њукасл стартуваше со победа над Форест

Тотенхем го доби Ленгле на позајмица од Барса