Верстапен: Нема потреба да се бара виновник меѓу мене и Рикиардо

Од:

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен изјави дека нема потреба да се бара виновник за судирот меѓу него и неговиот колега Даниел Риккјардо. Поради инцидентот, двајцата возачи ја напуштија трката.

– Целиот тим е вознемирен. Изгубивме многу поени без никакви видливи проблеми. Не треба да бараме кој е виновен, бидејќи и двајцата го претставуваме тимот. Ние цело време бевме еднакви, брзината беше речиси иста. Но, она што се случи подоцна може да се нарече лоша среќа. Треба да научиме од грешките и да се осигураме дека ова нема да се случи повторно. Даниел и јас сме искрени еден со друг. Но, секој тркач се бори за секој сантиметар, рече Верстапен.

Ред Бул во Азербејџан остана без бодови, а се уште нема информација дали некој од клупските пилоти ќе биде санкциониран.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур