Шеснаесетгодишниот Холанѓанец Макс Верстапен следната година ќе вози во Формула 1 за тимот на Торо Росо, потврдија од клубот кој ќе го има најмладиот возач во историјата на Ф1.
Младиот Холанѓанец сезонава со успех се натпреварува во Формула 3. Тој на 30 септември ќе наполни 17 години и на таа возраст се очекува да дебитира во Шампионатот од Формула 1.
Досегашниот рекорд за најмлад пилот кој настапил на трка од Формула 1 го држи Хаиме Алгуерсуари. Тој првата негова Ф1 трка ја возел со наполнети 19 години и 125 дена.