Венгер: Натпреварите без гледачи ќе му наштетат на фудбалот на долг рок, но ова е подобро од која било друга одлука

Од:

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер зборуваше за одржување на фудбалски натпревари без публика поради пандемијата на коронавирус.

– Дали фудбалот без публика ќе го повреди фудбалот на долг рок? Убеден сум во тоа. Ова може да биде решение на краток рок, но не и на долг рок. Невозможно е да се замисли цела сезона без гледачи на трибините. А сепак ова е најдобриот начин да се заврши сезоната, подобро од кое било друго решение, изјави Венгер.

Немаме лекови за да може луѓето да одат на стадионите до средината на јули. Има пример за Италија, каде присуството на навивачи на натпреварите доведе до катастрофа. Не можеме да бидеме премногу водени од финансиски причини и да ризикуваме толку многу. Прво, треба да се осигураме дека е безбедено, нагласи Венгер во интервјуто за „БИН Спортс“.

Би можело да ве интересира

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски