Велосипедска парада во Кавадарци

Од:

Голема велосипедска парада се одржа денеска во Кавадарци, по повод светскиот месец на велосипедизмот, во организација на Сојузот на училишни спортови од овој град.

Околу 500 велосипедисти се движеа по неколку градски улици.

– Целта е да се подигне јавната свест за значењето на возењето велосипед  како здрав начин на живот. Истовремено, со оваа акција упатуваме апел да се  намали употребата на автомобилите во секојдневниот живот, како превентива од загадување.   Автомобилите да се користат само  во неопходни случаеви, изјави Блаже Велков, координатор на проектот.

За учесниците во парадата беше обезбедена и богата лотарија спонзорирана од Сојузот и локални компании. За најсреќниот следуваше велосипед.

Би можело да ве интересира

42-годишен маж од Кавадарци ја задави својата партнерка

Пожар во старски дом во Кавадарчко, евакуирани 30 станари

Катерина Ѓуровски

Обвинение за каварадчанката која со чекан ја уби мајка си, била со намалена пресметливост

Катерина Ѓуровски

Се бара изградба на обиколница во Кавадарци за да се намали загадувањето на воздухот

А1он

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Маж од Кавадарци задобил тешки повреди на работното место