Поранешниот англиски репрезентативец Вејн Руни официјално беше претставен во дресот на Ди-Си Јунајтед од Вашингтон.
Руни кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС лига, а со клубот од Вашингтон потпиша договор до јануари 2021 година.
Англискиот фудбалер од договорот со Јунајтед ќе добие околу десет милиони фунти, со што ќе стане најплатен играч во историјата на клубот.
Американското фудбалско првенство е во полн ек, а Јунајтед по 12 натпревари со десет бодови се наоѓа на поледното место на Источната конференција.
Се очекува 32-годишниот Руни дебито за клубот од Вашингтон да го има на 14 јули против Ванкувер.
Неодамна во американската МЛС лига замина да игра и Златан Ибрахимовиќ во клубот Ел-Еј Галакси.