Вејн Руни пак е во неволја – го сликаа во друштво на две млади девојки, тој тврди дека го местат

Од:

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација, а сега менаџер на Дерби Каунти, Вејн Руни, повторно е на мета на британските таблоиди, откако беа објавени фотографии на кои се гледа како тој спие во хотелска соба, додека две девојки го сликаат.

Женетиот Руни, кој има четири деца, по гостувањето на неговиот тим во Манчестер се забавувал до доцна во ноќта, а утредента на социјалните мрежи се појавија фотографиите на кои тој изгледа како да дреме, додека двете русокоси девојки позираат околу него во провокативни пози.

Руни тврди дека сликите се дел од местенка со цел да му се изнудат пари, а полицијата отвори истрага во врска со случајот.

Според изјави од сведоци, поранешната ѕвезда и репрезентативец ги повикал манекенките Тејлер Рајан, Елис Мелвин и Брук Морган, сите 21-годишни, во неговото ВИП-сепаре во ексклузивниот клуб „Чајнавајт“ во саботата вечер.

Полицијата истражува можна местенка, а според полициски извори, биле направени повеќе видеа и фотографии кои се предмет на истрагата, а кои не се објавени.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година