Вејд со нов рекорд за Мајами

Од:

НБА кошаркарот Двејн Вејд е во последната сезона од неговата професионална кариера, но сепак покажува знаци, кои можеа секојдневно да се видат од него во најсилните години.

Најновиот пример е минатата ноќ кога Мајами загуби од Торонто со 115:125, а Вејд постави уште еден рекорд во дресот на „жешките“.

Триесети и шес-годишниот ветеран влезе како резерва и за 34 минути нанижа 35 поени – врвно достигнување во клупската историја за играч, кој започнал од клупата.

Ова е далеку од тоа да биде единственото највисоко достигнување кое е во сопственост на Ди Вејд. Трикратниот НБА шампион е број 1 во повеќе од петнаесет статистички категории во историјата на Хит.

Вејд играше за тимот од Мајами од 2003 до 2016 година, а потоа премина во Чикаго и Кливленд, но оваа година се врати во Флорида, каде ќе ја заврши славната кариера.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот