Вејд: Дојдов кај „братот“ во Кливленд да освоиме титула

Од:

По Мајами Хит и Чикаго Булс, кошаркарот Двејн Вејд во новата сезона ќе настапува за Кливленд Кавалирс, екипа во која игра неговиот поранешен соиграч од „жешките“ Леброн Џејмс .

Двејн вели дека се одлучил за Кливленд најмногу поради Џејмс и желбата да освои уште една титула во НБА лигата.

– Поради моите амбиции да продолжам во клуб на високо ниво, одлучив Чикаго да го заменам со Кливленд. Плус овде е мојот „брат“ Леброн. Ние веќе освоивме две титули и верувам дека ќе можеме да стигнеме и до трета, напиша на Твитер, Двејн Вејд.

Тој неодамна одлучи сам да си ја плати откупната клаузула за предвремен раскин на договорот со Чикаго и како слободен играч реши да потпише за Кливленд.

Вејд во својата кариера има добиено многу награди и признанија од кои најзначајни три шампионски прстени од НБА лигата, два пати бил прогласуван за МВП во финалето, еднаш на Ол Стар дуелот.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот