Шампионот на Ролан Гарос, Стан Вавринка и петтиот носител Кеи Нишикори обезбедија пласман во третото коло на Отвореното првенство на Франција, откако во денешните мечеви без проблеми со 3:0 во сетови славеа победи над своите ривали.
Вавринка го победи Таро Даниел, а Нишикори беше поуспешен од Андреј Кузнецов.
На машкиот дел од турнирот пласман во 3. коло од носителите изборија и Џек Сок, Жереми Шарди, Џон Изнер, Ник Кирјос и Иво Карловиќ.
Кај жените фаворитките воглавно лесно стигнаа до следната рунда, а тоа им успеа на Гарбине Мугуруза, Петра Квитова, Светлана Кузнецова, Анастасија Павличенкова и Симона Халеп.