Вашингтон се избори за мајсторка против Бостон

Од:

Кошаркарите на Вашингтон ноќеска успеаја да постигнат победа во натпреварот број 6 против Бостон со 92:91 и со тоа го изедначија резултатот на 3-3 во победи и финалистот на „Исток“ ќе биде познат по мајсторката што се игра на 15 мај (понеделник).

Натпреварот беше решен со тројката на Џон Вол на 3.5 секунди пред крајот, а во последниот напад за Бостон Ајзеа Томас не успеа да поентира. Натпреварот беше изедначен во целиот тек, а највисокото водство го имаше Вашингтон од 40:30 во финишот на првиот дел, но Бостон со серија од 12-1 на полувреме водеше 42:41. Во третата четвртина Бостон водеше, а во последната четвртина гостите го имаа највисокото водство од пет поени (87:82).

Најефикасни кај Вашингтон беа Бредли Бил (33 поени) и Вол (26), а двајцата заедно постигнаа 23 од 26-те поени на екипата во последниот период. Кај Бостон Томас и Ејвори Бредли постигнаа по 27 поени.

Победникот од мајсторката во финалето на „Исток“ ќе игра против првакот Кливленд, додека во финалето на „Запад“ ќе играат Голден Стејт – Сан Антонио.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот