Женскиот македонскиот првак ЖРК Вардар денеска ќе го дознае својот противник за полуфиналето во ракометната Лигата на шампиони.
Вардарки по двата завршни фајнал-фор турнири во кои беа елиминирани во полуфиналето се надеваат дека конечно годинава ќе стигнат до големото финале, а зошто да не и шампионскиот трофеј.
Црвено-црните како можни противнички ги имаат унгарски тим Ѓер, романската екипа ЦСМ Букурешт и актуелниот европски првак Будуќност од Црна Гора, екипа која пред две години го елиминира ЖРК Вардар во полуфиналето.
Која ќе биде екипата која против вардарки на 7 мај во Будимпешта ќе игра во полуфиналето ќе се знае денеска по ждрепката што е закажана со почеток околу 11:30 часот.
По тој повод, од ЖРК Вардар најавија заедничко следење на ждребата со медиумите по што ќе уследи прес-конференција на која од таборот на македонскиот шампион ќе се споделат очекувањата за завршниот Ф4 турнир.