Вардарки во борба за финале во Лигата на шампионите

Од:

Ракометарките на македонскиот шампион Вардар СЦБТ попладнево (почеток 17:30 часот) го играат своето прво полуфинале во Лигата на шампионите и ќе се борат за влез во финалето. Противник им е поранешниот европски шампион Будуќност (2012 година) и екипа која сезонава има една од најдобрите одбрани во ова натпреварување.

Избраничките на Индира Кастратовиќ од сите четири екипи учеснички на „фајнл фор“ одиграа најмногу натпревари бидејќи стартуваа од квалификациите. Вардарки комплетни ќе се спротистават на Будуќност.

Во првото полуфинале од 15 часот играат европскиот првак Ѓер и данскиот тим Митјиланд.

Победниците од полуфиналните натпревари утре од 17 часот го играат финалето, додека поразените во терминот од 14:30 часот го играат натпреварот за 3. место.

Најуспешна екипа во Лигата на шампионите (порано Куп на шампионите) е Спартак Киев со 10 титули европски шампион, австриски Хипо има 8, а меѓу освојувачите се наоѓа и македонската екипа Кометал Ѓорче Петров (2002 година). Од учесниците на првиот женски „Ф4“ турнир, Будуќност (2012) и Ѓер (2013) имаат по една титула.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска