На своето деби во Лигата на шампионите, ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ на гостувањето против Бера Бера забележа победа од 23:19.
Најефикасна во редовите на нашиот состав беше Андреа Лекиќ со шест гола, Јованка Радичевиќ и Татјана Хмирова постигнаа по четири додека Сираба Дембеле и Маја Зебиќ по три пати се запишаа во листата на стрелците.
Во домашниот тим прв стрелец со седум гола беше Мачален Зиарсоло додека по два гола постигнаа Патрисија Елорза, Елизабет Пинедо, Ана Избаел Мартинез и Марија Нистал Нуњез. Голманката на Бера Бера, Фернандез Темпрано имаше 10 одбрани.
Во следното коло, ЖРК Вардар СЦБТ е домаќин на норвешкиот првак, Ларвик.
Натпреварот во арената Борис Трајковски ќе се одигра в петок со почеток од 18 часот и 30 минути со директен пренос на нашата програма.