Ракометарките на Вардар попладнево гостуваат во Копривница, Хрватска каде против екипата на Подравка ќе се обидат да ја остварат втората победа во Лигата на шампионките.
Избраничките на Индира Кастратовиќ ја имаат улогата на фаворит, но во овој дуел влегуваат внимателно не потценувајќи го противникот.
Средбата Подравка – Вардар која ќе започне од 17 часот, е натпревар од Б групата, во која од 14.30 часот ќе играат Турингер и Будуќност.
Покрај овие два натпревари денеска се играат уште две средби, Виборг – Ѓер (група Ц) и Лубин – Мец (група Д)
Табели по групи:
А група: Лајпциг 4 бодови, Крим Љубљана 2, Динамо Волгоград 3 и Хипо 1.
Б група: Будуќност 4 бодови, Турингер 2, ЖРК Вардар 2 и Подравка Копривница 0
Ц група: Ѓер 4 бодови, Виборг 4, Локомотива Загреб 0 и Савехоф 0.
Д група: Ларвик 4 бодови, Метц 2, Баиа Маре 2 и Лублин 0.