Македонскиот ракометен шампион ЖРК Вардар со денешниот натпревар против унгарската екипа ФТЦ (Ференцварош) од Будимпешта ќе ја започнат новата сезона во елитната Лига на шампионки.
Цел на вардарки и годинава е пласман на завршниот фајнал-фор турнир, а за таа цел најнапред ќе треба да ја потврдат фаворитската улога во првата фаза по групи во која црвено-црните покрај денешниот противник ќе играат и со руската екипа Астракханочка и тимот на лајпциг од Германија.
Токму со дуелот меѓу ЖРК Вардар и ФТЦ кој ќе се игра вечерва од 20:30 часот во СЦ „Јана Сндански“ ќе биде означен стартот на групната фаза во елитното натпреварување.
Комплетните двојки, по групи, за 1.коло се:
А група: Будуќност – Мец (сабота) и Турингер – Гласверкет (недела)
Б група: ЖРК Вардар – ФТЦ (петок) и Астракханочка – Лајпциг (сабота).
Ц група: Ѓер – Мидтнјиланд (сабота) и СЦМ Букурешт – Ростов Дон (недела)
Д група: Есбјерг – Крим Меркатор и Ларвик – Савенхоф (сабота).
Пласман во втората фаза нема да обезбеди само најслабо пласираната екипа во секоја од четирите групи.