Вардарки подготвени за потврда на место на Ф4

Од:

Ракометарките на Вардар в сабота го играат реванш натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Митјиланд, каде ќе бараат пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта.

На првиот натпревар во Данска македонскиот првак победи со 28:26, па сега треба само да го потврди својот квалитет, и по четврти пат да биде меѓу четирите најдобри екипи во Европа.

Вардарки оваа седмица се подготвуваа за претстојниот дуел со данскиот претставник. Тренерот Ирина Дибирова е задоволна од формата на нејзините ракометарки.

– Останаа само два дена до натпревар, сите играчи се во добра форма, очекуваме тежок натпревар, Митјиланд е добра екипа и ќе дадат се од себе за реваншот. Ние ќе направиме се што е во наша моќ за да победиме, рече Дибирова на денешната прес-конференција.

И бекот Андреа Лекиќ верува во успех.

– Не бевме сите здрави во Данска, сега имаме подобра ситуацијата. Очекувам добра игра и полна сала за пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта, истакна српската интернационалка.

Нејзината клупска колешка Андреа Пенезиќ посакува силен почеток на мечот.

– Сите знаеме колкав е влогот и што ни носи овој натпревар. Мораме силно да отвориме, како во Данска. Тие ќе дојдат силно мотивирани, но ние мораме да покажеме пред нашата публика што сакаме, пред нашата публика да го потврдиме пласман на Ф4, нагласи Пенезиќ.

Средбата Вардар – Митјиланд ќе се игра в сабота од 17 часот и 30 мин ути во СЦ „Јане Сандански“.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска