Вардарки по верификација на полуфиналето во ЛШ

Од:

Женскиот ракометен првак на Македонија, ЖРК Вардар попладнево гостува во Данска кај Ларвик во реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионки.

Вардарки во овој меч само треба да го заверат својот пласман во полуфиналето, односно завршниот фајнал-фор трурнир, имајќи в предвид дека црвено-врните забележаа убедлива победа со 14 голови разлика на натпреварот во Скопје, кога го победија Ларвик со 34-20.

Натпреварот ќе започне од 15 часот и 30 минути и е претпоследниот од четвртфиналната рунда. Во последниот, како и ЖРК Вардар така и екипата на Будуќност само треба да го потврди учеството во полуфиналето, бидејќи на реванш мечот во Подгорица против Баја Маре ќе влезе со пет гола предност (29-24 беше на првиот дуел).

Пласман на завршниот Фајнал-фор турнир вчера обезбедија Ѓер и СЦМ Букурешт.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ