Ракометарките на ЖРК Вардар го освоија третото место на „Фајнал Фоур“ турнирот, откако го совладаа Митјиланд со 34:31.
Вардарки од првата до последната минута ја имаа контролата врз играта и пред се врз резултатот и на крајот заслужено стигнаа до победата и до најголемиот успех во клупската историја.
„Разочарани сме што вчера загубивме, но успеавме да преживеевме кренавме глави и успеавме да победиме. За вака млад тим третото место ова е голем резултат. Пред крајот на кариерата сум сакав да ја освојам Лигата на шампиони, но и третото место е добар резултат“, изјави по натпреварот Јулија Николиќ.
Радичевиќ и Николиќ со по шест, односно Лекиќ со пет голови го предводеа Вардар до победата, додека кај Митјиланд се истакна Грот со 11 голови.