Вардарки на чекор до Лигата на шампионите

Од:

Ракометарките на македонскиот првак Вардар СЦБТ се на една победа до пласман во групите од Лигата на шампионите. Синоќа во италијанскотот гратче Еболи (во близина на Салерно) во полуфиналето од квалификационата група Вардар СЦБТ го победи домаќинот на групата Салерно со убедливи 35:16 (14:4).

Најефикасна на натпреварот беше Екатерина Костјукова со 6 голови, додека Маја Зебиќ постигна 5. Противник во финалето и во борбата за ЛШ ќе им биде францускиот вицешампион Флери Лоре кој ја победи руската екипа Ростов Дон со 26:21, што претставува и мало изненадување.

Почетокот на решавачкиот натпревар е во 18 часот и 30 минути, а победникот ќе игра во групата на елитното натпреварување заедно со екипите на Ларвик (Норешка), Бера Бера (Шпанија) и Подравка (Хрватска).

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска