Вардарци отпатуваа за Веспрем без Абутовиќ, Брумен и Дибиров

Од:

Ракометарите на Вардар утринава отпатуваа за Веспрем на полуфиналниот натпревар од Ф4 завршницата на СЕХА лигата, но на списокот на патници ги нема Илија Абутовиќ, Матјаж Брумен и Тимур Дибиров.

Левото крило Тимур Дибиров има пукнати мускулни влакна на ногата, Матјаж Брумен пред последниот тренинг во Скопје се пожалил на висока температура, а Илија Абутовиќ има се уште повреда што не е целосно залечена.

– Со, цел да не се ризикува, и да им се остави доволно време за санирање на повредите, решено е тие тројца да останат во Скопје и тука да се подготвуваат и да примаат соодветна терапија. И покрај отсуството на тројца стандардни ракометари во составот на Вардар, во нашиот табор се подготвени да одиграам максимално борбено и мотивирано, како и на сите досегашни натпревари. Тимот отпатува за Загреб од каде потоа ќе продолжи за Веспрем и ќе им се приклучи на Мешков, ППД Загреб и на Веспрем, годинешните полуфиналисти. , соопштија „црвено-црните“ на својата веб страна.

Денеска Вардар треба да имаат и тренинг во салата во која ќе го играат полуфиналниот натпревар со Мешков.

Полуфиналниот натпревар од Ф4 завршницата на СЕХА лигата меѓу Вардар и Мешков ќе се игра во петок во 17:45 часот.

Во второто полуфинале ќе играат ППД Загреб и Веспрем.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он