Македонскиот ракометен шампион Вардар попладнево ќе го игра десеттиот меч во регионалната СЕХА лига. Црвено-црните гостуваат кај екипата на Татран Прешов.
За разлика од македонскиот првак кој е во фантастична серија од осум победи во низа, тимот од Словачка сезонава има само една победа на шесте одиграни средби во СЕХА.
Оттаму Вардар ја има улогата на Вардар на фаворит па тренерот Раул Гонзалес реши на овој меч да ги одмори: Арпад Штербик, Вуко Борозан, Стојанче Стоилов, Данил Шишкарев и Алекс Душебаев кои не отпатуваа со екипата.
Дуелот, Татран – Вардар е еден од трите кои се играат денеска во регионалната лига. Покрај оваа средба која ќе започне од 17 часот, во истиот термин ќе стартува и дуелот ППД Загреб – Извиѓач, додека половина час подоцна во Белорусија ќе играат Мешков Брест – Горење.
Табела: Вардар 25 бодови, ППД Загреб 16, Веспрем 15, Мешков Брест 14, Цеље 12, Горење Велење 9, Нексе 7, Металург 4, Татран Прешов 3 и Извиѓач 0.