Македонскиот првак Вардар со денешното гостување во Шведска кај Кристијанштад го започнува својот нов настап во елитната ракометна Лига на шампиони.
И годинава примарна цел за вардарци ќе биде пласманот на завршниот фајнал-фор турнир. Но, за остварување на целта патот до Келн ќе биде тежок и напорен.
Дуелот меѓу Кристијанштад – Вардар кој ќе започне во терминот од 16 часот и 15 минути ќе биде еден од дбата кои се играат денеска, а се во рамките на Б групата. Во оваа конкуренција вчера се одиграа првите две средби, Мешков Брест – Киелце 24:29 и Целје – ППД Загреб 30:28.
Потесетување дека вчера ракометарите на Металург со победата над Елверум 18:17 ги започнаа натпреварите во Ц групата во која Чеховски Медведи и Ла Ријоха одиграа нерешено 28:28, а денеска својот прв меч во новата сезона ќе го играат Монпелје и Татран Прешов.