Вардар во Скопје го пречекува Татран Прешов

Од:

Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва пред својата публика во „Јане Сандански“ ќе го игра шестиот натпревар во регионалната СЕХА лига.

Црвено-црните, кои досега имаат четири победи и еден нерешен резултат, ја пречекуваат екипата на Татран Прешов која пред два дена го загуби првиот меч на гостувањето во Скопје, кога беше поразен од Металург.

– Во добра форма сме и сакаме да го продолжиме победничкиот од. Не смееме да бидеме опуштени, зашто во СЕХА лигата секој тим е конкурентен. Нашата цел е повторно да играме на Ф4 турнирот, што значи дека не смееме да дозволиме да губиме бодови. Се сеќаваме како игравме против Мешков и подготвени сме да го дадеме максимумот против Татран Прешов, изјави Стојанче Стоилов, капитен на „Вардар“.

Средбата Вардар – Татран Прешов ќе започне до 20 часот и 30 минути, а е една од двете која се игра денеска во СЕХА конкуренцијата.

Во првиот меч во Загреб, на хрватскиот шампион му гостува словенечкиот тим Горење Велење.
Табела: Вардар 13 бодови, Веспрем 9, Целје 9, Мешков Брест 7, ППД Загреб 3, Горење Велење 3, Металург 3, Нексе 3, Татран Прешов 3 и Извиѓач 0.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ