Вардар уште еднаш подобар од Целје

Од:

Македонскиот ракометен првак Вардар вчера вечер забележа победа на гостувањето кај Целје со резултат 32:26 уште една убедлива по триумфот во СЕХА над истиот противник со 11 голови разлика.

Ова беше дуел од 3. коло во Лигата на шампионите по кое „црвено-црните“ имаат максимални три победи и шест бодови.

Вардар до победата стигна со подобра игра во второто полувреме, откако првото заврши нерешено 15:15

Најефикасен во редовите на Вардар беше Мијајло Марсениќ со шест погодци, Тимур Дибиров постигна пет.

За домаќинот најмногу погодоци постигнаа Жика Млакар и Вид Потеко, двајцата  по пет пати се запишаа впо листата на стрелците.

Резултати на другите натпревари од 3. коло од Б групата:

Кристијаштад – ППД Загреб 29:22,
Мешков Брест – Рајн-Некар Левен 30:28 и
Сегед – Целје 27:29.

Табела: Киелце 6 бода, Вардар 6, Сегед 3, Рајн-Некар 3, Целје 2, Мешков Брест 2, Кристијаштад 2, ППД Загреб 0.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он