Во Првата македонска фудбалска лига попладнево на распоредот беа натпреварите од 20. коло по кое лидерот Шкендија за уште еден бод ја зголеми предноста пред големиот ривал Вардар кој второто место и го препушти на Академија Пандев.
„Црвено-црните“ претрпеа убедлив пораз на гостувањето кај Ренова, Шкендија одигра нерешено во Ѓорче Петров, додека Академија Пандев го доби локалното струмичко дерби со Беласица.
Постигнати резултати:
Беласица – Академија Пандев 0:1
Македонија ЃП – Шкендија 1:1
Работнички – Силекс 1:1
Ренова – Вардар 4:0
Шкупи – Победа 3:0.
Табела: Шкендија 44 бода, Академија Пандев 36, Вардар 35, Работнички 28, Шкупи 27, Ренова 25, Македонија ЃП 22, Силекс 20, Беласица 18, Победа 18.