Вардар убедливо го совлада Рајн-Некар Левен

Од:

Ракометарите на Вардар продолжуваат со максимален ефект во Лигата на шампионите, откако вечерва во СЦ „Јане Санански“ во Скопје убедливо го совладаа Рајн-Некар Левен со 25:19.

По изедначеното прво полувреме и поголемиот дел од вториот дел, „црвено-црните“ мотивирани од одбраните на Петар Ангелов и бодрени од шестилјадната публика со фуриозен финиш во последните десет минути стигнаа до убедлив триумф.

Ангелов бранеше нецело второ полувреме ја предводеше одбраната и запиша 10 одбрани, а во нападот најефикасни беа Алекс Душебаев со седум и Тимур Дибиров со шест погодоци.

По само неколку минути игра потешко го повреди коленото играчот на Вардар Александр Деревен, кој го напушти теренот на носилки.

На другиот завршен дуел од 4.коло во Б групата Киелце – Кристианштад 35:27.

Вечерва играат Барселона – Монпеље, а утре колото ќе го комплетираат Колдинг и Пик Сегед.
Табела: Вардар 8 бодови, Киелце 5, Рајн Некар 5, Барселона 4, Пик Сегед 2, Монпеље 2, Кристианштад 2, Колдинг 0.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он