Ракометарите на Вардар забележаа убедлива победа над Веспрем 29-22 во третиот меч, во новата сезона во СЕХА лигата.
Актуелниот СЕХА шампион, Веспрем, во „Јане Сандански“ беше конкурентен само во првите шест минути од натпреварот. Веспрем имаше 2-3 во шестата минута, а Вардар во наредните девет минути одговори со серија 7-1, направи предност од пет гола (9-4), која благодарение на цврстата одбрана и голманот Милиќ ја одржуваше во текот на целиот меч.
Максималната предност од седум голови Вардар ја достигна во 46.минута, кога играчите на Веспрем и дефинитивно се откажаа.
Голамот Милиќ имаше 11 одбрани, а стрелците ги предводеа Карачиќ со осум, Дибиров со пет и Циндриќ со четири голови. Вардар, четвртиот меч во СЕХА конкуренцијата ќе го одигра во вторник, кога во Скопје ќе гостува Загреб, додека Веспрем, в недела игра против Металург во „Борис Трајковски“.