Вардар убедлив против Целје

Од:

На второто гостување сезонава во СЕХА Газпром лигата, Вардар се враќа со цел плен, победувајќи го Целје со 40:29, и задржувајќи го лидерското место на табелата.

Вардар одигра одлично, мотивирано, нанесувајќи му го највисокиот пораз на словенечкиот првак последниве сезони.

Во првите 13 минути од натпреварот се играше израмнето (7-7), и со водство од еден гол на Целје. Потоа за три минути вардарци успеаја да направат предност од два гола, 10-8. Следуваше можеби клучниот период. Прво четири минути ниту еден тим не постигна гол, а Штербик го одбрани пеналот на Маргич. Од 18 до 22 минута следуваа пет гола по ред за „црвено-црните“ и водство од 15-8. Домаќините се обидоа да фатат приклучок, но не успеаја. На полувреме се отиде со 20-13.
Арпад Штербик имаше десет одбрани во првото полувреме, а еден од џокерите на Вардар беше Бразилецот Рожерио кој постигна 4 гола од пет обиди.

Само четири минути во второто полувреме беа потребни разликата да отиде на „плус 9″, во  45. минута Целје се доближи на 28:23, но тогаш Вардар направи нова серија за враќање на позитивата од девет гола, 33:24 во 52. минута по што победникот беше заверен.

Најдобри во победничкиот состав беа: голманот Арпад Штербик со 18 одбрани и Тимур Дибиров со осум погодоци.

Во следниот натпревар од СЕХА лигара во вторник во Скопје гостува Татран Прешов.

Би можело да ве интересира

Загреб прв финалист на Ф4 во СЕХА-лигата

Ана Ололовска

Вардар ќе игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата

А1он

Вујовиќ: Во Загреб одиме на победа, нема да калкулираме со предноста од Скопје

А1он

Вујовиќ: Предноста од четири гола е убава, но ништо не е решено

Ана Ололовска

СЕХА: Вардар 1961 обезбеди четири голови предност за ревашот во Загреб

А1он

Бабиќ: Одговорноста за поразот од Мешков Брест е моја

Ана Ололовска