Вардар убедлив на стартот во СЕХА лигата

Од:

Ракометарите на Вардар со победа над Војводина од 37:27 ја почнаа новата сезона во регионалната СЕХА лига.

Македонскиот шампион одигра одлично прво полувреме во кое ја стекна двоцифрената предност и го реши победникот уште по 30 минути игра.

Арпад Штербик за само едно полувреме имаше 16 одбрани. Противникот даде отпор само во првите десет минути, а потоа вардарци тргнаа силно и веќе во 21.минута имаа двојно повеќе голови од српскиот првак (12:6).

Во второто полувреме тренерот Раул Гонзалез им даде шанса и на резервните играчи.

Вториот македонски претставник, Макс Струмица вчера го одигра дуелот од 2.коло. На свој терен струмичани беа поразени од Татран Прешов со 31:24.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он