Вардар со засилена бековска линија против Монпеље

Од:

Ракометниот вицепрвак Вардар вечерва на гостувањето во Монпелје ќе се обиде да ја продолжи серијата победи во новата сезона од Лига на шампионите. Тренерот Раул Гонзалес одлучи на овој натпревар да извади состав со зголемен број бекови на сметка на другите позиции во тимот.

Гонзалес против Монпеље ќе игра со двајца пикери, два голмана и три крила, што значи ги изостави Страхиња Милиќ, Михаил Чипурин и Добривоје Марковиќ, а во составот ги врати Лазаров и Терзиќ.

Шпанскиот стратег се одлучи за овие 16 ракометари: Ангелов, Штербик, Шишкарев, Брумен, Дибиров, Абутовиќ, Душебаев, Горбок, Карачиќ, Лацковиќ, Лазаров, Прибак, Растворцев, Терзиќ, Стоилов, Тоскиќ.

Натпреварот почнува во 17 часот.

Во рамките на групата Ц, синоќа Веспрем го совлада Целје (24-21) и го симна нашиот тим од врвот на кој вардарци може повторно да се вратат ако победат во Франција.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он