Голманот на Вардар, Арпад Штербик кој беше неизвесен за денешниот дуел од Лигата на шампионите со Кристијанштад, во 12. коло во групата Б, се најде во составот на тренерот Раул Гонзалес.
Вардар е голем фаворит и со евентуална победа ќе се врати во трка за второто или третото место.
Во составот на „црвено-црните“ за денешниот дуел во „Јане Сандански“ се: Штербик, Милиќ, Ангелов, Абутовиќ, Брумен, Циндриќ, Дибиров, Душебаев, Горбок, Лазаров, Манасков, Македа, Марсениќ, Шишкарев, Стоилов, Тоскиќ.
Шведскиот тим ги пројави следните ракометари: Ларсон, Симиќ, Бјорнсен, Космо, Далин, Ериксен, Гудмундсон, Ханиш, Џамали, Јепсон, Лагрегрен, Л. Ларсон, Линдског, О’Саливен, Петерсон, Толбрин.
Почетокот на натпреварот е во 17 часот и 30 минути.