Вардар со победа поблиску до второто место во групата

Од:

Ракометарите на Вардар вечер на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ играат натпревар од 7.коло од Ц групата во Лигата на шампионите и со триумф пред своите навивачи ќе бидат чекор поблиску до второто место во групата во однос на конкурентите.

Во Скопје гостува словенечкиот тим  Цеље, екипа против која Вардар во првото коло на гости постигна победа од 27:26. За тренерот на Вардар Раул Гонзалез проблем покрај добрата форма на противникот се и повредите неколку играчи на Вардар.

Почетокот на натпреварот е во 19 часот.

Вториот наш претставник во ова натпреварување Металург дуелот од оваа рунда го игра утре во Париз против ПСЖ.

Од македонските екипи попладнево во рамките на Челинџ купот реванш дуелот од 3.коло го играат и ракометарите на битолски Пелистер. Тие пред своите навивачи го пречекуваат екс европскиот првак Дукла од Прага, а гостите од Чешка имаат предност од десет голови од првиот дуел (34:24). Почетокот на натпреварот е во 18 часот.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он