Вардар со победа над Веспрем атакува на првата позиција

Од:

Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар в сабота против Веспрем ќе се обиде да ги освои двата бода и со тоа избие на врвот на табелата во групата Ц од Лигата на шампионите. По четири натпревари унгарскиот претставник има бод предност во однос на „црвено-црните“.

– Не очекува натпревар против еден од најдобрите тимови во Европа и во светот. Лани Веспрем беше учесник на „фајнл фор“. Тие се први, но со победа во сабота ние ќе бидеме на чело во групата. Противникот игра добра одбрана со формација 6-0, располага со квалитетен голман, а во нападот главен им е Чема Родригез, изјави на денешната прес-конференција тренерот на Вардар, Раул Гонзалез.

Во редовите на Вардар победата е единствената опција.

– Ова е најважен натпревар за нас досега во сезоната. Веспрем е голем клуб и секогаш кога играат во Лигата на шампионите се квалитетен ривал и ова е голема шанса за да избиеме на првото место, рече Немања Прибак.

На дуелот со Веспрем, Вардар ќе настапи без Илија Абутовиќ, кој на претходниот натпревар доби црвен картон и нема право на настап.

Средбата Вардар – Веспрем е закажана за сабота со почеток од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ и е во рамките на 5.коло од групата Ц во ЛШ. 

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он