Вардар со победа ја започна новата сезона во Лигата на шампионите

Од:

Македонскиот првак Вардар со победа над Кристијанштад ја започна новата сезона во ракометната Лига на шампиони.

Вардарци на гостување во Шведска го победија Кристијанштад со 28:23 полувреме 15:12. Алекс Душебаев со 10 голови беше најефикасн во редовите на Вардар, за кој Игор Караџиќ постигна 7, а Канељас 6 голови.

Во следното 2.коло Вардар на домашен терен ќе игра против екипата на Мешков Брест која во првото коло загуби пред своите симпатизери од Киелце со 24:29.

Во рамките на Б група, вчера се одигра и средбата Целје – ППД Загреб 30:28, а во тек е и последниот меч меѓу ПИК Сегед – Ранј Некар.

Потсетување дека и Металург старуваше со победа откако вчера во Скопје го совлада Елверум со 18:17.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ