Татјана Хмирова ќе биде во конкуренција за денешното финале на Лигата на шампионите против Ѓер и покрај црвениот картон што го доби на вчерашната средба со ЧСМ Букурешт.
Судиите со доделувањето на црвениот картон на Хмирова веднаш и покажаа и син и следуваше дополнителен извештај. По разгледувањето на видео снимката и извештајот на судиите за ситуацијата, ЕХФ реши нема да покрене никаква дополнителна дисциплинска постапка против ракометарката на Вардар.
Натпреварот Вардар – Ѓер на завршниот „фајнал фор“ турнир во Будимпешта е закажан за 17:45 часот.