Вардар СЦЈС во осминафиналето на Челинџ купот патува во Шведска

Од:

Екипата на Вардар СЦЈС во осминафиналето на Купот Челинџ ќе игра против шведски Х65 Хор. На првата средба македонскиот претставник ќе гостува во Шведска на почетокот на февруари 2017 година. Реваншот е во Скопје по една седмица.

Ривалот на „црвено-црните“ лани играше во Купот на ЕХФ и стигна од четвртфиналето каде беше елиминиран од Рандерс. Претходно ги победи Силкеборг и Нант. Најголемиот успех го има во Купот Челинџ во сезоната 2012/2013 кога играше во полуфиналето.

Сезонава во третото коло од Купот Челинџ играше против шпанскиот тим Просетекника од Баракалдо. Швеѓанките се пласираа во следната фаза благодарение на високата победа на првиот меч дома, 31-25, а на реваншот во Шпанија загубија до 20-21.

Тимот на Х65 Хор е составен од домашни ракометарки, а единствената интернационалка е Јасмина Ѓапановиќ од Србија.
Во моментов се на 4. место во првенството на Шведска, зад Савехоф, Луги и Скуру. Ја делат четвртата позиција со екипите на Сковде и Кристијанштад.

Тренер на екипата е Ола Мансон, поранешен ракометар кој сезонава дојде во клубот. Претходно четири сезони работеше со машката екипа на Хелсингборг.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ