Вардар СЦБТ со оптимизам заминува за Будимпешта

Од:

Ракометарките на Вардар СЦБТ на денешната прес-конференција пред претстојниот завршен турнир од Лигата на шампионите во Будимпешта ги изнесоа своите очекувања и желби за успешно заокружување на одличната сезона.

– И покрај тоа што зацртаното го остваривме, не би биле спортистки доколку не се надеваме на највисок пласман. На овој турнир нијанси ќе одлучуваат кој ќе биде победникот. Цел месец се подготвувавме, мотивирани сме, желни за игра и одиме да се надигруваме. Будуќност е поискусна екипа од нас, ние сме првпат во полуфиналето, но нема предавање, истакна тренерот на македонскиот шампион Индира Кастратовиќ.

Во редовите на „црвено-црните“ две ракометарки имаат шанса да го одбранат трофејот. Лани како дел од унгарски Ѓер Андреа Лекиќ и Јованка Радичевиќ триумфираа во елитното натпреварување.

– Очекувам на 3 мај Вардар да го има најдоброто издание во сезонава. Имаме квалитет, мотив, желба да се прикажеме во добро светло. Треба да одиграме со мирна глава. Јас сум професионалец, иако потекнувам од редовите на ривалот од полуфиналето, на секој натпревар посакувам победа, независно кој е противникот, рече Јованка Радичевиќ, некогашната ракометарка на Будуќност.

Андреа Лекиќ се надева на историски успех за Вардар. Таа улогата на благ фаворит ја препушта на Будуќност, најмногу поради искуството, но верува дека Вардар може да изненади.

Вардарки утре заминуваат за Будимпешта, полуфиналето со црногорскиот шампион Будуќност се игра в сабота со почеток во 17 часот и 30 минути, додека првото полуфинале меѓу европскиот првак и Ѓер и дански Митјиланд почнува во 15 часот.

Во недела се играат натпреварот за 3.место (почеток 14:30 часот) и финалето (почеток 17 часот).

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска