Ракометарките на македонскиот првак Вардар СЦБТ во следната сезона директно ќе играат во групната фаза од Лигата на шампионите. Ова е одлуката донесена на Извршниот комитет на ЕХФ.
Според рејтингот, македонскиот шампион требаше натпреварите да ги почне од квалификациите, но сепак ЕХФ реши дека третопласираната екипа од последната сезона од Лигата на шампионите во новата сезона да биде дел од групната фаза.
Промени ќе има и во системот на натпреварувањето за новата сезона, а Вардар СЦБТ е во групата од 14 екипи кои имаат пласман во групната фаза. Последните две екипи ќе бидат познати по квалификациите.
Извлекувањето на групите ќе се одржи на 27.јуни кога „вардарки“ ќе ги добијат ривалките.