Вардар сака победа против Нексе за самодоверба пред стартот на ЛШ

Од:

Македонскиот ракометен шампион Вардар утре го очекува натпревар од СЕХА лига против Нексе на кој „црвено-црните“ посакуваат позитивен резултат за зачувување на победничкиот менталитет и зголемување на самодовербата пред почетокот на Лигата на шампионите и средбата со Монпеље.

– Нексе е многу добра екипа, а тоа го покажа на дуелот што го имавме пред десетина дена. Тогаш одигравме добро прво полувреме, но ни создадоа многу проблеми во вториот дел кога беа подобри од нас. Многу сакаме да победиме затоа што ни претстои мечот со Монпеље од Лигата на шампионите. За нас ова ќе биде многу важен натпревар за да се аклиматизираат сите нови играчи и подготвено да го дочекаме стартот во елитното натпреварување. Нексе игра добра одбрана 6-0, а може да игра и 5-1, има квалитетни ракометари кои многу трчаат и се брзи, изјави Раул на денешната прес-конференција.

Говорејќи за здравствениот билтен тренерот на Вардар рече дека сигурно нема да настапат Деревен кој има проблем со скочниот зглоб и Лазаров кој има повредено колено, а од претходно во тимот не е ниту голманот Ангелов. Повредата на Душебаев не е сериозна и тој најверојатно ќе биде во составот на „црвено-црните“.

Блаженко Лацковиќ искажа претпазливост и пофални зборови за хрватскиот тим.

– Играме со екипа која во последниот свој настап против Загреб, пред неколку дена, имаше шанса да победи, загуби на крајот, но покажа квалитет и разлика од тоа што го прикажа на турнирот во Скопје. Ја подигаат формата и мораме сериозно да го сфатиме натпреварот, прво поради проблемите што ги имаме со повредените играчи, а второ поради задржување на  победничииот менталитет во тимот, нагласи хрватскиот интернационалец.

Натпреварот е закажан за утревечер од 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Би можело да ве интересира

Возило излета во Вардар во центарот на Скопје

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж