Ракометарите на Вардар во четвртфиналето од Лигата на шампионите ќе играат против полската екипа Киелце, што значи дека „црвено-црните“ повторно ќе патуваат во Полска откако претходно ја елиминираа Висла.
Вардар на првиот натпревар ќе бидат домаќини, а ќе се игра во терминот од 8. до 12. април.
Двојки за четвртфиналето од Лигата на шампионите:
Вардар – Киелце,
Загреб – Барселона,
ПСЖ – Веспрем,
ПИК Секед – Кил.
Реванш дуелите ќе се одиграат од 15. до 19. април, а извлекувањето на двојките се одржа во Виена.
Победниците од четвртфиналето ќе играат на завршниот турнир во Келн на 30. и 31. мај.