Вардар против Партизан по првата победа во СЕХА лигата

Од:

Македонскиот ракометен шампион Вардар во рамките на 2.коло од регионалната СЕХА лига ќе му биде домаќин на Партизан од Белград.

Натпреварот се српскиот претставник е добра можност „црвено-црните“ да ја запишат првата победа, откако во 1.коло одиграа нерешено со Металург.

– Очекувам победа на овој натпревар. Во овој момент Партизан има подмладен тим, но тоа е клуб кој лани играше во Лигата на шампионите. Ние ќе имаме добар тест пред натпреварот од 1.коло во Лигата против Барселона на домашен терен. Екипата мора да игра на два фронта, а јас се надевам дека уште утре ќе ја постигнеме првата победа во СЕХА лигата изјави на денешната прес-конференција тренерот на вардарци Зоран Кастратовиќ.

Во составот на Вардар најавена е една промена. За разлика од натпреварот со Металург, на голманската позиција на местото на Златко Даскалоски ќе биде 38-годишниот Шпанец Инаки Алдаве Малумбрес.

Натпреварот Вардар – Партизан ќе се одигра во реновираната сала „Кале“ со почеток од 17 часот и 45 минути.

Би можело да ве интересира

Загреб прв финалист на Ф4 во СЕХА-лигата

Ана Ололовска

Вардар ќе игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата

А1он

Вујовиќ: Во Загреб одиме на победа, нема да калкулираме со предноста од Скопје

А1он

Вујовиќ: Предноста од четири гола е убава, но ништо не е решено

Ана Ололовска

СЕХА: Вардар 1961 обезбеди четири голови предност за ревашот во Загреб

А1он

Бабиќ: Одговорноста за поразот од Мешков Брест е моја

Ана Ололовска