Вардар против Букурешт во четвртиот обид за финале во ЛШ

Од:

Македонскиот ракометен првак Вардар денес против актуелниот европски првак ЧСМ Букурешт ќе се обиде да дојде до финалето во Лигата на шампионите откако претходните три сезони губеше во полуфиналето.

Ова ќе биде реприза на ланското полуфинале кога Вардар беше поразен од романскиот тим.

– Имаме реприза, имаме шанса за поправен се надевам ќе се подобриме. Имаме индивидуално силна екипа, но ако сакаме да победиме мора да играме тимски. Сезонава имавме и континуитет, но на последните натпревари и некои падови. Тоа е она што ни треба, да одиграме константно сите 60 минути. Сите да го „гризаат“ паркетот. Само така може да се оствари зацртаното, вели Андреа Пенезиќ која со 87 гола е најдобар стрелец во ЛШ.

Мината година потфрливме, сега сме многу помирни и мислам дека ќе се подобриме. За да ја освоите Лигата на шампионите мора сите коцки да се поклопат. Ова се два натпревари во 24 часа и сѐ може да се случи кога се женски во прашање. Минатата сезона ЧСМ Букурешт имаше перфектен викенд, па треба само тоа да го пресликаме. Ланската сезона имавме голем притисок, сите веќе не сместија во финалето и тоа ни создаде големи проблеми. Треба да бидеме со ладни глави и со врело срце. Секогаш сметам дека одбраната може многу да допринесе за наш успех, додава Пенезиќ.

Натпреварот меѓу Вардар и ЧСМ Букурешт се игра од 17:45 часот во „Ласло Пак Арената“ во Будимпешта.

Претходно од 15:15 часот „фајнл фор“ турнирот ќе го отворат Будуќност и Ѓер.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска