Вардар потпиша со летонскиот џин Даинис Кристопанс

Од:

Летонскиот репрезентативец Даинис Кристопанс (26 години) е новото засилување на македонскиот ракометниот шампион Вардар.

Највисокиот играч во Лигата на шампионите (213 см.) реши својата кариера да ја продолжи во Македонија потпишувајќи тригодишен договор со Вардар почнувајќи од сезоната 2017/2018.

Кристопанс кој е стандарден репрезентативец на Летонија ќе ја засили десната бековска позицијата, од каде на крајот од сезоната ќе си замине Алекс Душебаев.

– Даинис Кристопанс доаѓа во Вардар како големо засилување за тимот, не само во нападот туку и во одбрана. Веруваме дека неговото доаѓање ќе придонесе за уште подобра игра на екипата, и во одбрана и напад, а тој ќе ги покаже сопствениот раскошен талент и квалитети“, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Кристопанс лани ја имаше најдобрата сезона во ЛШ, постигнувајќи 62 гола. Сезонава постигна 23 гола на пет натпревари. Во СЕХА лигата има постигнато 25 гола на седум натпревари, и е втор најдобар стрелец во тимот.

– Минав две извонредни години во Брест каде имав мотивиран и перспективен тим. Сега е време за продолжување натаму во мојата професионална кариера и затоа најмногу го одбрав Вардар. Имаше многу други заинтересирани топ клубови, од Германија, Шпанија, Унгарија, Белорусија. Но, Вардар му понуди најдобри услови за унапредување како професионалец, и Вардар е еден од најамбициозните клубови во светот во моментов, изјави Кристопанс за официјалниот интернет сајт на РК Вардар.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ