Нашиот најтрофеен клуб Вардар продолжува со слабите игри на подготовките за престојната полусезона, а денес на Националната Арена „Филип Втори“ заележаа убедлив пораз од спрскиот претставник екипата на ОФК Белград.
ОФК Белград, од самиот старт го контролираше натпреварот. Во 10-та минута гостите преку Батиоха се заканија по голот на Милиќ.
Веќе во 13-та минута преку истиот играч Батиоха, белграѓанани постигнаа гол за водство од 0-1.
Добрата игра на ОФК Белград продолжи, и по една лошо вратена топка од страна на одбраната на Вардар, Ивановиќ сето тоа добро го следеше и не му беше тешко да го совлада голманот Милиќ, за водство од 0-2 во 23-та минута.
Вардар својата прва шанса ја имаше дури во 36-та минута преку Петровиќ, но не успеа да го совлада Лукаќ.
Во второто полувреме „Црвено-црните“ беа решени да постигнат гол. Така во 53-та минута од левата страна упатија центаршут кон Илиевски, а овој успева да ја затресе мрежата на гостите и намали на 1-2.
По десет минути нов погодок. Овој пат за израмнување на резултатот на 2-2. Повторно акција преку левата стана, а Костовски стрелаше прецизно .
Гостите го враќаат водството преку Јовановиќ во 74-та минута, за 2-3, а два гола предност им носи Трифуновиќ преку пенал.
За крај на натпреварот се погрижи повторно Јовановиќ, кој само го зголеми водството на 2-5.
Избраниците на Никола Илиевски – Џиџи продолжуваат со своите бледи партии на подготовките каде што не забележаа ниту една победа, сепак стратегот на „црвено-црните“ изјавуваше дека е задоволен од играта на својот тим, но по овој пораз мора уште многу да работат за да ја достигнат формата од првиот дел на сезоната.