Македонскиот ракометен шампион Вардар го освои трофејот на турнирот „Вардар 2015“ што се одржа во спортскиот центар „Јане Сандански”.
Во финалето Вардар го совлада шведскиот првак Кристијанштад со убедливи 32:24. Тоа, впрочем, беше и најголемата разлика на натпреварот.
„Црвено-црните“ веќе во 8.минута кога имаа двојно повеќе голови од Кристијанштад, 6:3, а истата ситуација се повтори и неколку минути подоцна кога беше 8:4. На половина од првиот дел Вардар имаше 11:6, а благодарение на извонредниот Арпад Штербик дојде и до 16:9 во 22.минута.
На полувреме се отиде со резултат 16:11, а Швеѓаните на почетокот од вториот дел се доближија до 16:13. Потоа Вардар одново резултатски се одлепи и до крајот не му дозволи на противникот да се доближи посериозно.
Тренерот на домашните Раул Гонзалес им даде шанса на сите ракометари, а новите засилувања покажаа дека одлично се вклопуваат во играта. Хорхе Македа беше прв стрелец на мечот со пет гола, Лука Циндриќ постигна четири, а Дејан Манасков три. Штербик го заврши мечот со 14 одбрани.